Жена се здобила со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Васил Ѓоргов“.

Од МВР за Курир информираат дека добиле пријава од Ургентниот центар дека кај нив е донесена М.Е. која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа на наведената адреса.

Детали за сообраќајната несреќа и карактерот на повредите на жената не се сеуште познати.