
Жена пешак загина во тешка сообраќајна несреќа во Охрид што се случила околу полноќ. Во несреќата со тешки повреди се здобил и маж кој е вон животна опасност, потврдил за Канал 5 директорот на Охридската болница Хари Шокароски.
Сообраќајката се случила на кружниот тек на булеварот Туристичка, кај мини маркет, објави Oхридњус.
Според првичните информации на СВР Охрид до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од коловозот на спротивната лента и удрил двајца пешаци, од кои жената починала а мажот се здобил со тешки повреди, но е надвор од живона опасност.