Жена-пешак прегазена во Кичево

Жена е тешко повредена во Кичево откако во неа удрил 32-годишен возач со „опел“. 

На 25.01.2023 во 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Кичево, удрило во Л.К.(61) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К., констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, соопшти полицијата.