Жена-пешак настрада на еден скопски булевар

72-годишен возач од Скопје со „шкода“ прегзи жена.

На 29.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(72) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.