
Жена е тешко повредена во сообраќајка во Тетово.
- На 03.12.2025 во 07:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинденска“ со ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(54) од Тетово, удрило во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Ќ., констатирани во Клиничката болница Тетово, стои во денешниот полициски билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.