Жена од Кратово ја нападнала 73-годишната соседка

Кривично ќе одговара жена од Кратово која физички ја нападнала својата повозрасна соседка. 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ѓ. М. (56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’.

- На 15.06.2026 во Кратово, пријавената физички ја нападнала нејзината 73-годишна сосетка Б.М., соопштија од МВР во дневниот билтен.