Жена од Чаир физички нападната од повеќе лица

На 01.09.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје, Р.Ф.(37) пријавила дека во двор од куќа на подрачје на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од В.Ф.(40), С.Ф.(43) и Д.Ф.(18).

Во исто време било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ф. од една страна и С.Ф., З.Ф.(43), Д.Ф. и Н.Ф.(63), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.