Жена од Арачиново приведена на аеродром

Во 19.00 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека 55-годишната B.Р. од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.

Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р.

Лицето било приведено и предадено за понатамошна постапка.