Жена натепала скопјанец откако се скарале за паркинг во Центар

Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало недоразбирање за паркинг простор.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во СВР Скопје, З.В.(45) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот на подрачјето на Центар, поради претходно недоразбирање за паркинг простор, бил физички нападнат од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.