Жена направила хаос во тетовската болница, се заканувала на вработени и оштетила дел од инвентарот

Вчера околу 13 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 32-годишната Б.Ј. од гостиварско село.

Како што соопшти полицијата, жената во гостиварската модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар.

Се расчистува и документира случајот и ќе следува соодветен поднесок.