Жена нападнала маж во стан, а потоа оштетила и дел од покуќнината

42-годишник вчера бил нападнат од жена во стан во Охрид.

-Синоќа во 21.50 часот во СВР Охрид, било пријавено дека во стан на улица „Славеј планина“ во Охрид, М.М. физички го нападнала М.К.(42), соопшти МВР.

Според полицијата, таа потоа оштетила дел од покуќнината.

Како што информира МВР, по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.