Жена на жена ѝ е најголем непријател, за жал...

Нашето општество генерално е хаотично, а темата за женската солидарност е најисмејувана тема. Погледнете само како се однесуваме на социјални мрежи и како ги коментираме текстовите на интернет. Храбро ги понижуваме и навредуваме другите жени, без срам, свесно вршиме притисок и удираме таму каде што најмногу ги боли другите жени во нашата околина.

Зошто толку се мразиме едни со други?

Затоа што не се сакаме себеси. Не се сакаме такви какви што сме. Бараме недостатоци во себе и потоа тоа го проектираме на другите кои ги имаат истите недостатоци. Никогаш не простуваме. Не прифаќаме. Не се помируваме. Знаеме колку нѐ болат нашите недостатоци и упорно ги забележуваме и ги потенцираме кај другите. Се понижуваме едни со други до коска, без грам сожалување.

И полесно ни е да ги оправдуваме мажите отколку жените. Кога мажот ја навредува жената, ние се смееме. Најлошо од сѐ се приказните за насилство врз жените. Мајки, сестри, пријателки на жени кои доживеале насилство, често им велат дека „самите си го барале“. Зарем не ни велеа дека заедно полесно се решаваат проблемите? Поради тоа обидете се да ја сфатите жената која седи покрај вас. Прифатете ја без лутина и бидете ѝ поддршка.

Сите сме различни и секоја од нас е посебна. Мажени и немажени, домаќинки и кариеристки, жени без деца и жени со три деца, среќни и несреќни... Постои ли поголема среќа за децата од тоа да имаат среќна мајка? А можеби мама е среќна затоа што ја работи својата омилена работа? Зошто тогаш да ѝ го загорчувате животот со ситни замерки? Бидете солидарни кон колешките!

И не е важно што работиме, дали имаме деца или не, важно е дека сме жени. Важно е да се поддржуваме едни со други и да си помагаме.

Бидете љубезни и добри, затоа што можете да бидете!