Жена искасана од кучиња на Партизанска

Кучиња-скитници искасале жена на булеварот Партизански Одреди.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил завчера околу 18 и 25 часот. В.Б.(34) од Кавадарци пријавила дека била касната во пределот на левата и десната надколеница од две улични кучиња, при што ѝ биле нанесени видливи повреди.