Жена и маж се степале во ходник од зграда во Гази Баба

 

Тепачка вчера избила во ходник од зграда во Гази Баба. Се пресметале жена и маж, а случајот е пријавен во полиција. 

- Во СВР Скопје било пријавено дека 07.05.2026 во 07:50 часот во ходник од станбена зграда на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија околу нарушени соседски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 32-годишната А.Г. и Ј.М.(53), двајцата од Скопје, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.