
Две малолетни лица и 33-годишна жена од кумановско се повредени откако „пежо“ излета од пат во атар на Липково.
- На 04.10.2026 околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, во атар на село Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од истото село, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово, информираа од МВР во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.