Жена божица: Таа чекори одлучно со својот цврст чекор

Жената божица, како планински поток, самата си го пробива сопствениот пат низ густите гранки и карпи, низ суша и по мраз, во мака и во тага – таа секогаш весело жубори.

Жената божица, секојдневно ја претопува човечката злоба во жариштето на своите рани и како Феникс, со светлоста своја, ја бои во боите на виножитото. 

Жената божица храбро ги издржува презривите погледи и не се грижи што е „чудна“ само затоа што одбива да земе учество во некаков апсурден маскенбал.

Жената божица знае дека сите ние сме создадени од истиот извор и дека нема потреба некому да се правда. Таа нежно те допира со својата топина, со крилјата на својата пгрегратка. 

Жената божица сака да ги научи сите дека љубовта нема граници, таа знае да слуша и за неа само грижливоста е света.

Жената божица ги отфрла тешките окови и со своите ранети раце го „пробива“ патот кон својата вистина. Кога ќе падне, станува, ја истресува прашината од себеси и чекори одлучно со својот цврст чекор. 

Таа знае дека тука не смее да застане.