Жена била физички нападната од поранешниот сопруг

Вчера во 23.00 часот во полициска станица во Скопје од страна на 54-годишна жена од скопско село било пријавено дека околу 17.30 часот во семејниот дом била физички нападната од поранешниот сопруг И.Т.(61).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.