Жељко Самарџиќ вечерва со концерт во Кисела Вода

Во рамки на „Културно лето 2022“ во Кисела Вода вечерва концерт на мега популарната музичка ѕвезда од соседството - Жељко Самарџиќ. 

Вечерва, како и претходните три вечер, општината по повод својот роденден организира забава за граѓаните. 
Претпладнево од 11 часот настапуваат „Златно славејче“, а предвидени се бројни изненадувања за најмалите жители. 

Од 18 часот следи „Битка на бендови“, од 20 часот концерт на Боби Павловски, а од 22 часот па се до полноќ скопјани ќе се забавуваат со Жељко Самарџиќ. 

Сите настапи се кај салата Расадник.