Желба за брзи пари - „Конти“ скандалот ја стресе и Македонија

Скандалот со „Конти“ ја стресе Македонија викендов. Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти, а министерот за внатрешни работи порача дека сите измамени треба да се обратат до МВР. 

- Граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, рече викендов Панче Тошковски. 

На социјалните мрежи бура од реакции за случајот. Дали Македонците се наивни и сакаат брзи пари, или пак немаат основна финансиска интелегенција?

Еве дел од реакциите: 

- Сите што ме правевте забеган дека конти не ги играм, сега сум многу горд дека сум бил забеган "за вас", а што велите сега јас како да ве гледам ? - А Сега за криптово што ќе ми кажете? или да почекам уште малку па да ви кажам ? Вложувајте во знаење - не во илузија, во работа на себе - не во фантазми, бидејќи тоа сте вистинските вие, кога работите, кога љубите, и кога знаете нешто повеќе - тоа не може никој да ви го земе... 

- Времето за кликање на Конти и парите потрошени таму, се еднакви на времето и парите за учење вештина од која подолготрајно би правеле пари. Инвестирај во себе, наместо да фрлаш пари и време на нешто без никаква вредност. 

- Да инвестираш во Конти е исто како да гласаш за Левица. Во двата случаи ја правиш истата грешка, влегуваш во нешто а не знаеш во што влегуваш... Носиш одлука која ти нуди брзо решавање на твојот проблем, а во суштина трајно ти ја уништува иднината. Реално, во двата случаи си глупав и мислиш дека си го зафркнал системот. Во суштина си глупав и си се зафркнал себе си...