Желба број еден на сите: Да ги фрлиме маските во канта во Новата 2022 година!

Безмалку две години светот живее во глобална пандемија! И токму затоа несомнено една од главните желби на целокупното човештво на планетата е во претстојната 2022 година да ги фрлиме маските кои штитат од смртоносниот вирус!

Оваа фотографија многу сликовито ја опишува таа желба! Анти-корона маските да се најдат во канта за отпадоци, а не на нашите лица и конечно да можеме да се вратиме на нормалниот тек на животот, без страв да гушкаме и да се среќаваме со блиските, децата слободно да другаруваат и растат, да не се плачиме при секое кашлање! Збогум за пандемијата во Новата 2022 година!