Жан Митрев: Здравата храна може да го промени расположението

Здравата исхрана е многу важна кога станува збор за промени во расположението! - вели познатиот хирург Жан Митрев.

Лошиот избор на храна може да го подобри вашето расположение (поврзано со нивото на шеќери во крвта), но само за одредено време.
Правилниот начин на исхрана, пак, може да го подобри вашето расположение и да му даде дополнителна енергија на вашето тело, со што ќе бидете поефикасни, попродуктивни и помалку раздразливи во текот на денот.

Овде треба да го споменеме кафето, кое ако се консумира во нормални количини, може да го намали трошењето на добрите масти, како што е омега-3 масната киселина и да го намали нивото на депресија.

Омега-3 масната киселината може да се најде во лососот и затоа треба да се консумира ако не често, барем понекогаш, затоа што е докажано дека потпомага во намалување на нивото на анксиозност.

Обидете се почесто да консумирате спанаќ, затоа што во себе содржи Б витамин и фолна киселина, кои пак се поврзани со намалувањето на негативното расположение, депресијата и нејасното размислување.