Жан-Мишел Жар ве кани на незаборавна журка во Скопје (ВИДЕО)

Спектакуларно шоу со визуелни ефекти и електронски музички креации се очекува да приреди Жан-Мишел Жар, пионерот на електронската музика кој годинава ќе биде еден од главните гости на фестивалот „Таксират“, на 13 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Тоа ќе биде ретка можност во живо да се види настапот на музичарот кој ги воспостави темелите на новата електронска музика.

Неговите настапи, пак, се несекојдневно шоу кое повеќе личи на вонземски светлечки перформанс отколку на обично рефлекторско осветлување на концерт. Најавите се дека такво шоу Жан-Мишел Жар ќе приреди и на своето прво гостување во Скопје.

Погледнете ја неговата видеопокана: