Жак Превер: „Таа љубов“

Таа љубов
Така силна
Така треперлива
Така нежна
Така очајна.
Таа љубов
Убава како ден
И грда како времето
Таа љубов толку реална,
Таа љубов толку прекрасна
Така среќна
Така весела
И толку јадна
Треперејќи од страв како дете во мрак
А така сигурна во себе
Како некој спокоен човек среде ноќ
Таа љубов која предизвикуваше страв кај другите
И ги прогонуваше да зборуваат
И ги приморуваше да избледат
Таа љубов наметната
Затоа што тие други ние ги наметнувавме
Прогонувани, ранети, газени, дотепувани, негирани
заборавени
Затоа што таа иста љубов ние ја прогонувавме, ранувавме, газевме,
дотепувавме, негиравме, заборававме
Таа љубов е цела клетка
Сѐ уште толку жива
А сета насмеана
Тоа е твојата љубов
Тоа е мојата љубов,
Онаа која била
Тоа сеќавање сѐ уште е ново
И не се изменило
Толку реално како некаква билка
Толку трепеливо како некаква птица
Толку топло и живо како лето
Можеме и двајцата
Да отидеме и да се вратиме
Можеме да заборавиме
А потоа повторно да заспиеме
па да се разбудиме, да патиме, да бдееме
Па повторно да заспиеме
Да сонуваме и смрт
А потоа да се разбудиме, да се насмевнеме, да се смееме
И да се подмладиме
Нашата љубов застанува тука
Тврдоглава како магаре
Жива како желба
Свирепа како сеќавање
Глупава како каење
Нежна како спомени
Ладна како мермер
Убава како ден
Нежна како дете
Нѐ гледа и се смее
И кажува многу не говорејќи ништо
А јас треперејќи ја слушам
И викам
Викам за тебе
Викам за себе
И те преколнувам
За тебе, за себе и за сите оние кои се сакаат
И кои се сакале
Да им викам
За тебе, за себе и за сите други
Дека не знам
Остани тука
Тука каде што си
Каде што некогаш си била
Остани тука
Не се поместувај
Не си оди
Ние кои се сакавме
Ние кои те заборавивме,
Но ти не нѐ заборави нас
Затоа што немаме друг како тебе на земјата
Не ни дозволувај да станеме ладни
Да се оддалечуваме сѐ повеќе
Да одиме каде било
Дај ни знак дека си жива
И многу подоцна, на работ на некоја шума,
Во шумата на спомени,
Одеднаш излези
Подај ни рака
И спаси нѐ.