Згрижувачка понуда во игротеките: За или против?

Голем дел од игротеките низ градот покрај организирање на роденденските забави имаат и згрижувачки понуди за деца на неколку часа.

-Има две игротеки во моето маало каде има понуда од 50 денари за еден час, детето во присуство на родител да си поигра и да добие сокче, водено имате и понуда од 100 денари за час детето да ви биде згрижено и чувано од страна на вработените во игротеката. Разговарајќи со моите пријателки сфативме дека оваа понуда е многу ефтина и прифатлива, доколку нема некој да го згрижи детето, а родителот има итна работа, вели Ана.Л.

Но според законот игротеките во Македонија се регистрирани како ДООЕЛ во Централниот регистар поради што нивната работа не е регулирана со Законот за заштита на децата.

-Сметам дека доколку игротеката нуди ваква услуга тогаш треба да има вработени и посебен кадар со соодветно образование. Сакам кога ќе го оставам детето да бидам сигурен дека за тој час или два ќе биде чувано од страна на луѓе кои си ја познаваат работата, вели Мирко.К.

„Доколку се згрижуваат деца согласно Законот за заштита на деца, а за тоа министерот нема издадено соодветно решение,предвидена е казна во износ од 1.000 евра во денарска противвредност, која се изрекува за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст, односно ако започне со работа и врши дејност, а не ги исполнува пропишаните услови, односно ако врши дејност без решение на надлежен орган“, појаснуваат инспекторите oд Министерството за труд и социјална политика.