Зграда кај Мајчин дом ќе се гради, Етеми ветува еколошки стандарди и многу зеленило

Вчеравечер во трговскиот центар Скопјанка инвеститорот на девткатницата во Аеродром, Фатмир Етеми се сретна со жители на оваа скопска општина.

На закажаното место дојдоа десеттина граѓани. По речси едночасовната средба, граѓаните изјавија дека остануваат на ставот дека се против изграбата. Иневститорот пак вели дека градбата е легална и дека лично тој ќе придонесе кон подобрување на животната средина.

„Ова е огромен проект и не може да се гради без кредити. Имаме месечна рата 183.000 евра и многу работници имаме на фирмата и не можеме да ги оставиме. Ако имаме трансфер од Мајчин дом да одиме на друга локација, каде што локацијата би била речиси иста. И во овие две недели не можеме да најдеме чиста локација“, вели Етеми.

Жителите јасно кажаа дека не сакаат зграда да никне на просторот кај Мајчин дом, а во дебата со инвеститорот вината ја посочија кај сегашниот, но и претходниот градоначалник. Обвинија за неодговорно носење на Деталниот урбанистички план и издавање дозвола за градба.

„Ако за она како што зборувавте пред малку, игралиштето, паркингот… е нешто што вие можете на некој начин, условно речено, ќе сакате да ни го компензирате, тоа е исто така фер и доблесно од ваша страна и тоа треба да се признае“, коментираа жителите.

Осумкатницата која ќе има 240 станови веќе се гради, но градежните работи паузираа на 15 дена со решение од општината.

Трошоците за обесштетување на инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ би можеле да ја чинат Општина Аеродром 11 милиони евра.

„Трошоците за земјиште и комуналии изнесуваат околу 5,5 милиони евра. Дополнително, тука се штетите на компанијата за досегашни инвестиции, трошоци за одржување, а како што потенцираше инвеститорот, тој исплаќа и месечна рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект. Доколку се оди во насока на обесштетување, инвеститорот би можел да побара сума што би ги покрила сите овие трошоци или да ја тужи општината, што целосно би го блокирало нашето работење. Целиот процес би можел да ја чини општината двојно повеќе од првичните 5,5 милиони евра“, изјавија од општината.