Зголемувањето на данокот ќе ги избрка квалификуваните работници од земјава – на удир информатичарите

Зголемувањето на данокот ќе ги избрка квалификуваните работници од земјава. Најавената даночна реформа која ќе значи персоналец од 18% за приход на 1000 евра силно ќе удри на ИКТ индустријата.

Во моментов во овој сектор работат околу 6000 високо квалификувани работници и компаниите се соочуваат со сериозен недостиг ка кадар. Зголемувањето на данокот ќе доведе до одлив и на тие работници кои ги имаат.

Даночната реформа ги извади на виделина и несогласувањата во Владата. За разлика од министерот за финансии кој смета дека лицат со приход од 1000 евра се богати и треба да плаќаат повеќе, вицепремеиеот Ангушев смета дека прагот за поголемо даночење треба да биде повисок. Бизнис секторот овој пат е на страната на вицепрмеиерот.

Стопанствениците велат дека зголемените даноци ќе продуцираат сива економија и ќе значат враќање назад на земјава.

Од наредниот месец ќе почне вистинската дебата за даночната реформа. Таа ќе почне да важи од следната година.