Зголемени трошоците за градење на куќа

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал годинава во однос на претходното тримесечје се повисоки за 0,9 отсто.

Трошоците за материјали се пониски за 0,3 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 3,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во споредба со третото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,3 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 2,1 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 5,9 отсто.

 

air max 90 essential sale