Зголемени платите на вработените на Медицинскиот факултет

На вчерашната седница, Владата ја усвои информацијата за давање согласност за покачување на платите на вработените на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Притоа Владата ги задолжи стручните служби на Медицинскиот факултет да направат пресметка и да извршат исплата на платите на сите вработени со полно работно време на Медицинскиот факултет во Скопје, повисока за 5 проценти почнувајќи од јануари оваа година.