Зголемена френкфенција на луѓе во скопско Кучково, градоначалникот Стојкоски со апел да се внимава на хигиенета

Општина Ѓорче Петров во изминатиот период интензивно работеше на уредување на локалитетот Крст – Кучково, се со цел ѓорчепетровци да имаат убаво уредено катче каде што ќе можат да се рекреираат во текот на убавите сончеви денови и за време на викендите. Проектот кој веќе е генерално финиширан и се работи на завршни детали резултираше со масовна посетеност како од граѓаните на нашата општина, така и од посетители од другите населени места во Скопје, што лично за мене претставува огромно задоволство, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

Како што вели тој, изминатите два викенди ова место го посетиле над 5000 луѓе, со што може да утврдиме дека е зголемена фреквенцијата на луѓе, а со тоа и фрлањето на отпадоци од храна и пијалоци е во зголемен обем.

-Ние како општина во изминатиот период поставивме корпи за отпадоци, како и два големи контејнери кои што служат за складирање на отпадот, но и покрај тоа сепак се забележува несовесно фрлен отпад и по зелените површини во околината.Како градоначалник апелирам до сите граѓани кои го посетуваат локалитетот да се однесуваат совесно и да го одлагаат отпадот на точно предвидените места за тоа, се со цел да ја задржиме хигиената на локалитетот Крст – Кучково и околината на високо ниво и со тоа да работиме на промоција на најубавото место за рекреација во нашата општина, вели првиот човек на општината.

Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе работи на доуредување на локалитетот и на поставување нови помали корпи секаде каде што циркулира поголема маса на посетители, најавија надлежните.