Зголемена фреквенција на возила на Табановце и на Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини. Од македонска страна, нема подолги задржувања. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.