Зголемен водостојот на Дојранското Езеро, Охридско и Преспанско се уште повлечени

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,63 метри повисок од просекот за јули, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 11 сантиметри кај Охридското и за 1,72 метра кај Преспанското Езеро.

Водостоите, пак, на дел од реките во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој месец, а кај дел пониски и главно се исти или имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.