Зголемен интересот за осигурување на домовите од пожар

Секоја година се повеќе се зголува бројот на домаќинства кои го осигуруваат својот дом од пожар, а особено во овој период од годината.

Стравот од пожари кои изминативе денови опожарија повеќе домови во Македонија, ги натера  граѓаните  да купуваат полиси за осигурување .

Паралелно расте и продажбата на полиси за осигурување од поплави и земјотреси. Инаку најкупувани полиси се најевтините , кои вклучуваат само основни ризици како што се пожари, удар од гром, експлозија , кражби  слично.