Зголемен интензитет на патиштата, на ГП Богородица се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од РМ, времето на чекање е околу 30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат и оти на сила е забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија.