Зголемен бројот на деца кои имаат проблем со говорот - според дефектолозите главен виновник за ова е модерниот начин на живот

Во последните неколку години енормно е зголемен бројот на деца кои имаат тешки нарушувања во говорно јазичниот развој.

Според дефектолозите главен виновник за ова е модерниот начин на живот, каде децата слободното време наместо во игра и дружење го поминуваат единствено пред комјутер, на мобилен телефон или во гледање на телевизија. Исто така причина за проблемите во говорот било тоа што некои родители на децата наместо тврда им давале блендирана храна.

„Поради намаленото движење на децата центрите во мозокот се помалку се развиваат, а тоа придонесува и за проблемите во говорот, бидејќи движењето е најмногу поврзано со говорот. Се случува родителите и до 3-тата или 4-тата година од детето да му даваат блендирана или мека храна со што не доаѓа до развивање на вилицата“, истакна М-р Гордана Иваноска, дефектолог во градинката „Наша Иднина“ од Прилеп.