Зголемен број на пациенти со скршеници

Повеќе од 100 пациенти со повреди и скршеници на рачните зглобови побарале помош во Градската болница, како последица од заледените патеки. Осуммина се задржени во болницата, додека преостанатите се пуштени на домашно лекување.

Најмногу повреди имаат возрасните, а од нив десеттина се деца. За дел од граѓаните студеното време им го отежнува денот, а има и такви кои воопшто не им смета.

 Комисијата за заштита на здравјето на населението од студеното време со свои препораки – граѓаните да консумираат топли напитоци и храна за да се прилагоди телото, да носат топла и повеќеслојна облека како и соодветни обувки за ваквите временски услови. Бремените жени и хронично болните над 60 години днеска и утре се ослободени од работа, додека оние што работат на отворено треба да прават паузи на секои два часа во затворени простории.  

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, попладне и навечер во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за врнежи од снег. Максималните температури од -10 до 0 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачно и потопло време, максималните дневни од -6 до 4 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и дневна температура која ќе се движи во интервал од -5 до 5 степени. Во сабота умерено облачно време и нестабилно со услови за врнежи од дожд и снег, а над 900 метри само од врнежи од снег.