Згаснува Агенцијата за туризам – вработените преминуваат во Министерството

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при средба со новинарите ја претстави состојбата што ја затекнал при преземањето на функцијата и напредокот што Министерството го постигнало во изминатата година. Како главни предизвици ги посочи нефункционалните капитални проекти, институциите со ограничени ресурси и сложената административна структура. 

Како дел од административните реформи, Љутков најави згаснување на Агенцијата за поддршка на туризмот, а нејзините 30-ина вработени ќе бидат интегрирани во Министерството за култура и туризам. За таа цел веќе е изработена нова систематизација.

Со трансферот на агенцијата, Министерството добива дополнителни 605 милиони денари (околу 10 милиони евра), кои ќе се искористат за проекти поврзани со културата и туризмот: уредување на локалитетот Плаошник, реконструкција на Скопското кале, поддршка на Турскиот театар-Скопје, Агенцијата за филм, откуп на ликовни дела и развој на креативните индустрии.