Земјотресите ја заматија водата во Маврово и околината, не се препорачува пиење

Вчерашните земјотреси со епицентар во близина на Маврово предизвикаа привремено заматување на водата. Препораката е истата да не се консумира. Јавното комунално претпријатие „Маврово“ издаде соопштение со кое препорачува водата да не се користи за пиење.

Земјотресот од 4,6 степени по Рихтер беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеизмолопката опсерваторија.

Водата во мавровскиот регион се замати и по серијата земјотреси од ноември минатата година.