Земјотреси во регионот: Синоќа се тресеше во Албанија, Косово и Црна Гора

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го потресе Призрен, а потоа се прошири од Албанија до Црна Гора. Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ја погоди Албанија доцна синоќа во 22 часот и 38 минути.

Земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора, а според сведоштвата бил толку силен што се тресело и во Подгорица. Епицентарот бил на 81 километар северно од Тирана.

Само 30 минути претходно, малку посилен земјотрес беше почувствуван во Косово, 55 километри западно од Призрен. Овој земјотрес бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.