Земјотрес во Скопје - вознемирувачки звук ги потресе граѓаните

Земјотрес со послаб интензитет, но силен разорен звук, беше почувствуван вечерва во Скопје. 

Според EMSC, се работи за земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, кој се случил во близина на тромеѓето Македонија, Србија, Косово. 

Според нивната страница, најмногу сведоштва за овој земјотрес се од Скопје и скопскиот регион. 

Граѓаните кои го почувствуваа, велат дека тресењето не било толку силно, колку што беше вознемирувачки звукот.