Земјотрес во Скопје: 10 совети како да останете безбедни при вакви потреси

Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат во случај да има земјотрес. Даг Коп е член на Американскиот интернационален тим за спасување, светски познат тим кој се справува со природни катастрофи и нуди совети како да преживеете во случај на земјотрес.

  1. Никогаш немојте да се криете под маса или слични предмети.
  2. Легнете покрај некој голем предмет како што е тросед, спална, автомобил, плакар… Свиткајте се во фетална положба.
  3. Доколку имате можности, вашето живеалиште изградете го од дрвена конструкција. Дрвото е лесно свитливо и сосема различно реагира на земјотрес за разлика од куќи и згради направени од цигли.
  4. Ако сте во кревет за време на земјотрес, симнете се од него и легнете покрај креветот.
  5. Доколку земјотресот се случи додека сте во зграда и немате шанси брзо да излезете од неа, легнете во фетална положба покрај големо парче мебел.
  6. Никогаш немојте да се криете под скали. Тие се навистина опасно место за време на земјотрес.
  7. Надворешните потпорни ѕидови на куќите се најбезбедно место за криење. Доколку имате шанса, кријте се таму.
  8. Доколку сте во автомобил, веднаш излезете од него и легнете веднаш до автомобилот, повторно во фетална положба.
  9. Доколку се наоѓате во библиотека или некое друго место каде има купови хартија, сокријте се до полиците со книги. Хартијата не се витка или крши, па имате големи шанси да си го спасите животот.
  10. Едно од најнебезбедните места за криење за време на земјотрес е рамката од вратата. Никогаш немојте таму да барате спас, иако тврдењата велат дека таму е безбедно.