Земјотрес во околината на Ростуше почувствуван во југозападниот дел од земјава

Земјотрес е регистриран денеска  во 10.44 часот со епицентар во околината на Ростушe, на 85 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот имал локална магнитуда од 2.7 степени по Рихтеровата скала.

Бил почувствуван од населението во југозападните делови од земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.