Земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5.09 часот, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од Охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.4, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.