Земјотрес во Албанија почувствуван и во повеќе делови од Македонија

Земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.