Земјотрес во Албанија, беше почувствуван и во Дебар

Дебрани попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја.

Потресот е почуствуван во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.