Земјотрес вечерва почувствуван во Македонија

Земјотрес беше почувствуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда од 5.0 степени според Рихтеровата скала.

Интензитетот на потресот во нашата земја изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слабо почувствуван од населението. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Ова е втор земјотрес денес, по првиот кој околу пладне беше почувствуван во главниот град.