
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 1 часот и 14 минути по полноќ регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2,9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината.
Интензитет на земјотресот е од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.