Сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 15 минути после полноќ регистрираа земјотрес.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа во соседна Албанија, 80 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.