Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 е почувствуван синоќа во 21:17 часот од населението во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се наоѓал на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.