Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 30.03.2023 година регистрираше земјотрес 71 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.