Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе.

Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.

Земјотрес е директна комуникација помеѓу генерациите, музичките стилови и навидум различните интереси на нашите музичари. Широка платформа за презентација на едно постоење, но и постојана промена. Некомерцијален манифест во интерес на духовната и економска оправданост на нашето музичко шаренило.

Потпомогнати од постарите, Земјотрес полека но сигурно отвара сè повеќе простор за новите генерации и свежи имиња. Вашето присуство е директна инвестиција во солидна иднина. Придружете ни се, заедно сме сцена. А, да...и сила.

Настапуваат:
• 3Grama & Silent G
• Anna O.
• Matej Foltz
• Funk Shui
• Goran Kan
• Herzel
• Irie Scratch x Gloomié
• Ki Oficijalna Stranica
• Mirko Popov
• Monoglitch
• Pikolomini
• Pluto's Doubts
• Reduced To Ashes
• SAM x Druggy
• Stagnator
• ЅРЕТИ
• The Local Blue
• Bodan Jamakoski
• Димитра
• Исток Улчар
• Kulturno Umetnicki Rabotnici
• Пепел
• Фосфен // Fosfen

Земјотрес 7 • Свежа домашна музика, сабота, 2-ри февруари 2019, почеток: 19:00, крај: 05:00
Локација: Младински Културен Центар. Претпродажбата на влезници (во ограничен број) започнува на 14-ти јануари и истите можат да се набават на билетарата на МКЦ по цена од 150 ден. за првите 500 посетители / 200 ден. потоа.